(ФОТО) Луис Хамилтон ја добива титулата витез

ЛУИС ХАМИЛТОН, еден од најтрофејните возачи на Формула 1 во историјата и актуелен шампион ќе добие една од најголемите почести доделени од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.Тој ќе ја добие титулата витез и со тоа ќе стане Сер Луис Хамилтон.
Тоа е титула која датира од средниот век, и се доделува за извонредност во некоја активност.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)


Зад Хамилтон е неверојатна година. Тој ја освои седмата Ф1 титула, израмнувајќи се на врвот со Михаел Шумахер и соборувајќи го рекордот по бројот на победи, дури 91.На почетокот на годината покрај Лео Меси ја доби и наградата „Лауреус“ за спортист на годината, а исто така заработи награди и признанија борејќи се против дискриминацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

Хамилтон ќе биде шести Ф1 возач во историјата со титула витез. Досега на таа листа се најдоа Сер Џеки Стјуарт, Сер Стирлинг Мос, Сер Френк Вилијамс, Сер Патрик Хед и Сер Џек Брабам.

Фото: instagram.com/lewishamilton/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зимата полека освојува: Еве какво време не очекува наредните 5. дена!

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места …