Совршени кокос топчиња од само четири состојки: Колачиња кои се топат во устата!

Вкусни, сочни и омилените рафаело топчиња со само четири состојки. Ќе го обожавате овој рецепт!
Потребни состојки:
100 грама кокосово брашно (плус 50 грама за валање)
300 грама бело чоколадо
150 мл слатка павлака
ореви по потреба (лешник, бадем, орев)
Подготовка:
1. Скршете го чоколадото на парчиња. Загрејте ја слатката павлака до вриење, па прелијте го чоколадото. Мешајте со лажица додека чоколадото целосно не се стопи и не добиете компактна маса.
2. Додадете кокос во смесата од чоколадо и павлака, а потоа оставете да се излади на собна температура. Оладената смеса ставете ја во фрижидер еден час за дополнително затегнување.
3. Извадете ја смесата со лажица, а потоа со рацете обликувајте ги топчињата и превртете ги во кокос. Повторувајте го процесот додека не ја потрошите целата смеса. Ако сакате, во секое стопче ставете печени ореви, бадеми или лешници (може да го прескокнете овој чекор). Чувајте ги топчињата на ладно место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …