(ВИДЕО) Брза пита со сирење и блитва (спанаќ): Едноставно а вкусно

Вистинската домаќинка „во ракавот“ секогаш има и некој рецепт кој се подготвува многу брзо…
Состојки:
4 јајца
100 мл масло
50 мл млеко
100 мл јогурт
100 мл кисела вода
3 чаши пченично брашно
1,5 чаши пченкарно брашно
1 прашок за пециво
1/2 лажица сол
250 гр сирење
300 гр блитва
Подготовка: Изматете ги јајцата, а потоа додадете масло, млеко, јогурт и кисела вода. Промешајте и додадете брашно и прашок за пециво. Додадете сол и сирење и блитва (сечкана – малку бланширана). Комбинирајте сè и истурете во сад за печење, намачкан со масло и наросен со брашно. Посипете со семе од лен, семе од сусам, семки од сончоглед. Печете на 180 степени 30-35 минути. Пријатно!

Извор и фото: Letina kuhinja

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) И’ покрај пандемијата тие се среќни: Ова се 5. најсреќните земји во светот

И’ покрај пандемијата која трае повеќе од една година, некои земји можат да се пофалат …