Писмо на мајка до своето дете: „Не се врти сине…оди…“

Не се свртувај кон мирисите на детството, сега си голем. Не се свртувај кон липата што мирисаше под прозорецот, тие ги исекоа нејзините гранки. Не се свртувај по мене, добро сум.
Ниту твоето куче не заслужува свртување, ќе го чувам.
Кога се двоумиш, запомни колку беше бесен поради оној дедо со бастун пред продавницата, пред некој ден, кога не сакаа да го пуштат преку ред.
И сите тепачки во училиште што ги гледаше.
Не врти се по улицата каде цел живот живееше, бидејќи кога ќе погледнеш лево, не ти се допаѓа она што го гледаш.
Серти се како самиот сфати дека тука со годините станува се полошо и дека тоа не те плаши. И треба да бидеш најдобрата верзија за себе, онаа што ја сакаш.
Не свртувај се, затоа што неправдата боли, а види…
Не си политички подобни, не врти се.
Суштината ти е поважна од формата, спакувај се.
Тука не смееш да се разболиш, нема кој да те лекува, забрзај го лансирањето.


Тука секогаш има некој…
Сите си заминаа, освен неколкумина од нас кои испраќаме СМС-пораки за лекување деца.
Не се свртувајте по домашната супа, науче да ја равиш.
И кога ти е најтешко, кога кендлата во грлото ќе те гуши, ќе те притиска тежината во градите,а тоа во тужина умее да биде навистина заебано, биди посилен од моите слабости. Сети се што ми говореше. Оди купи сладолед.
Животот не е чек на одложено, запомни го и тоа.
Кога ќе ти недостасува куќата, наместо на мирисате, помисли како ги украдоа украсите од новогодишната елка и тепихчето пред вратата.
Не се свртувај затоа што тука имаше слобода само додека јас бев на стража за некој да не те нападне. Сега си возрасен.
Животот ќе биде тежок и таму некаде, но ти сами ќе ја освојуваш својата слобода. И кога ќе ја освоиш, не се свртувај затоа што тука ја нема.


Премногу читаш и ги гледаш вестите. Мораш да престанеш, стануваш загаден. Слушај – загаден… Не свртувај се, и онака не можеш да видите ништо од смогот.
Тргни, диши длабоко, биди паметен и вреден. Ние ќе бидеме таму, па кога некогаш ќе свратиш, тогаш ќе озборуваме со кафе, ќе ги озборуваме и оние што се таму и овие тука додека не не заболо стомакот од смеа.
Тој свет не е подобар таму, тоа веќе го знаеш. Но, подобар е за тебе. Го знам тоа.
Ајде, тргни, не свртувај се. И покани не да те посетиме некогаш.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Витаминот Б12 се смета за главно оружје против тешки болести: Еве во која храна го има најмногу и што се лекува!

Витаминот Б12 или кобаламин е неопходна и многу важна компонента за здравјето на луѓето, тој …