(ВИДЕО) Оваа симпатична баба е најстара гимнастичарка на светот: Погледнете што прави на 95. години!

АКО некој може да потврди дека годините се само број, тогаш тоа е Јохана Кваас. Поранешната гимнастичарка оваа година наполнила 95. години, но сепак може да направи импресивни движења.
Во вирално видео што се појави на Твитер, Кваас, за воодушевување на публиката, одработила стој на раце и уште неколку вртења што им припаѓаат на основните гимнастички движења, а го воодушевила интернетот со својата сила и координација.

Кваас е родена во 1925. година. Таа се откажала од гимнастика на девет години за да може да игра ракомет. На 57. години, таа се вратила на својата прва љубов, гимнастиката. Во април 2012. година, таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара гимнастичарка во светот. Во тоа време имала 86. години. На 91. година се натпреварувала во Берлин.
„Ако сте фит, полесно е да се живее. Јас се бавам со гимнастика за да се навикнам на падови и полесно е да ги издржам. Тоа е одлична алатка за превенција. Моето лице е старо, но срцето е младо. Веројатно ќе престанам да вежбам гимнастика на денот кога ќе умрам”, изјавила таа, како што објавија од „The Strait Times“.

Нејзиниот заштитен знак е зелено трико, а живее во Германија.

Фото: Скриншот/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …