(ВИДЕО+ФОТО) Оливија Њутн Џон, се бори со четврт стадиум на канцер а на сите им посакала МНОГУ ЗДРАВЈЕ!

Актерката Оливија Њутн Џон испрати инспиративна порака до фановите додека ја продолжува храбрата битка со четвртиот стадиум на рак на дојка.

Рвездата на филмот „Брилијантин“ изјави дека сака да и се обрати на јавноста со цел да обезбеди надеж по оваа тешка година за целиот свет.
На видео објавено на Инстаграм, Оливија рече: „Само сакам да ви посакам најсреќна и најздрава сезона на празници. Ќе поминеме низ ова. И’ ова ќе помине”.
Таа изјави дека се надева дека „2021 година ќе ни донесе нови работи и подобри вести“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)

„Треба само да го одржувате расположението и да размислувате позитивно“, додала актерката.
На Оливија за првпат и беше дијагностициран карцином на дојка во 1992. година и иако се чинеше дека сè е во ред откако помина низ хемотерапија и мастектомија, ракот се врати две децении подоцна.
Поточно, во 2013. година, актерката дозна дека има рак по втор пат по сообраќајна несреќа, додека лекарите речиси го промашија туморот откако болката им ја припишувале на модринките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)

Оливија инсистирала на дополнително тестирање, кое подоцна потврдило дека ракот се вратил.
Сепак, во 2018 година, sвездата откри дека по трет пат е дијагностицирана со рак, кој напредувал во 4-та фаза и се проширил на грбот со тумор пронајден на дното на ‘рбетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)

Говорејќи во јануари годинава, Оливија рече дека користела медицински канабис и природни лекови, како и конвенционални лекови за време на борбата против оваа болест.

Видео и фото: https://www.instagram.com/therealonj/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …