Еве зошто некои жени изгледаат и’ до 10. години помлади: Тие ги почитуваат овие 5. едноставни правила!

Ако сте се прашувале како некои жени успеваат да изгледаат толку младолико, го имаме одговорот
Сите младолики жени имаат едно нешто заедничко. Тие строго се придржуваат до овие правила. Убавиот и негуван изглед на лицето може да се одржува без да одите кај пластичен хирург, само следејќи ги овие едноставни правила.
Што поскоро усвојте ги овие навики. Не само што ќе ве подмладат, туку и ќе имаат корисен ефект врз вашето здравје:

1. Правилно будење
Посветете си малку време наутро, тоа ќе ви помогне полесно да го поминете напорниот ден. Откако ќе го слушнете алармот, станувате од кревет, подготвувате кафе, го пиете за неколку минути и истрчувате од куќата. Ако вашето утро изгледа вака, правите голема грешка, бидејќи ништо не влијае на стареењето како стресот.
По будењето, најдобро би било да се истегнете, да направите неколку вежби и да се почастите со лесна масажа на лицето и главата. Масажата на главата ќе ви помогне да се разбудите, да го активирате лимфниот систем и да го подобрите вашето расположение. На овој начин ќе бидете подготвени за претстојниот ден.

2. Пијте доволно вода
Сите младолики жени го започнуваат денот со голема чаша вода. Тие исто така пијат барем уште 1,5 литри вода во текот на денот. Хидратацијата е клучна за одржување на убавиот изглед. Ако на телото му недостасува течност, првите знаци се видливи на лицето. Изгледата испиено, уморно и се појавуваат темни кругови под очите.

3. Избор на вистински намирници
Сè што јадеме и пиеме се рефлектира на состојбата на кожата. Затоа е многу важно да се направи вистинскиот избор кога станува збор за храната. Размислете за воведување на леќата во вашата исхрана. Покрај тоа, доволното внесување на зеленчук и храна богата со витамин А значително ќе влијае на убавиот изглед на кожата.

4. Практикувајте масажа на лице
Масажата на лицето ги затегнува мускулите, а со тоа лицето изгледа младешки. Докажано е дека масажата на лицето ја стимулира циркулацијата, ги враќа еластичноста и сјајот на кожата.

5. Витаминот Ц игра клучна улога
Витаминот Ц се бори против уморен тен, слободните радикали, го стимулира производството на колаген и ги намалува пигментните точки, поради што сите млади жени својата грижа ја темелат на кремите со овој витамин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …