(ФОТО) ПРЕДВИДУВАЊА – Никола има ЛОША ВИЗИЈА за наредните две години! Ја предвидел пандемијата, а сега открил кога го гледа нејзиниот крај!

Како што објаснил младиот видовит астролог, зборот „инфлуенца“ нон стоп му паѓал на ум во 2018 година.
Видовитиот астролог од Лондон, Никола Аујула (35), пред две години зборувал за катастрофа со „грип“, но исто така предвидел и бројни турбулентни ситуации што ќе ни се случат во блиска иднина.
Никола, кој исто така тврди дека го предвидел поразот на Доналд Трамп на изборите во Америка, во 2018 година рекол дека катастрофа со „грип“ ќе владее со светот, што, како што рекол, го предвидел ковид-19.
„Имам визии дека тоа ќе се израмни по Нова година, а стапките на инфекции ќе се спуштат до степен кога ќе бидат под контрола до пролет. Сепак, предвидувам дека паниката и ограничувањата поради вирусот ќе продолжат до 2022 година“, рекол тој.
Како што објаснил младиот видовит астролог, зборот „инфлуенца“ нон стоп му паѓал на ум во 2018 година.
„Јас го видов тоа како глобална катастрофа, поврзана со месо или сточарство. Пандемијата на ковид 19 ја споредивме со избувнувањето на шпанскиот грип, а некои луѓе мислат дека потекнува од пазарот за диви животни во Вухан, Кина“, објаснил тој.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Therapist Astrologer Designer (@nicolasaujula)


Никола смета дека имал неколку минати животи, но и дека во еден од нив бил египетска кралица и лав.
„Имав илјадници минати животи, бев египетска кралица, собарка, учител во Француската револуција, елен, лав, па дури и живеев во друга галаксија“, рекол Никола.
Но, тоа не е сè што предвидел Никола. Како што тврди, тој исто така предвидел пораз на Доналд Трамп, но и дека визијата што ја имал во 2019 година за глобалните протести е делумно поврзана со движењето „Црните животи се важни“.

„Постојат и други движења низ целиот свет, како што се оние во Франција и Нигерија“, рекол тој.
Никола вели дека ја видел болницата како гори пред 2020 година и дека сега смета дека ова е начинот на кој здравствените услуги ширум светот се туркаат на работ поради вирусот.
„Имав и визија за Третата светска војна, но тоа можеби не значи војна меѓу земјите, туку војна против Ковид-19“, додал тој.

Предвидувања за 2021 година
Видовитиот астролог ги споделил и своите пророштва за 2021 година – тој вели дека протестите низ целиот свет ќе продолжат уште две-три години. Исто така, предвидува масовно движење на луѓе.
Тој исто така споделил и некои мрачни визии.
„Еден од светските лидери во светот ќе биде убиен. Не можев да видам кој е, но чувствував дека ќе го разниша целиот свет. Се надевам дека тоа нема да се случи“, додал тој.
Тој видел дека не светскиот самит ќе биде погоден од сексуален скандал и предвидел пораст на екстремно десничарската политика, особено во јужна Европа, Блискиот исток и Африка и ерупција на вулкани што доведува до големи временски промени.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …