(ФОТО) ГИ ЗБЕСНАЛ КАТОЛИЦИТЕ И ПРОТЕСТАНТИТЕ: Божиќната честитка на Златан Ибрахимовиќ со среден прст ја ВОЗНЕМИРИЛА јавноста!

Наместо слика со капа на Дедо Мраз или покрај на новогодишна елка, фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ избрал сосема спротивен начин да посака среќен католички Божик, а погодивте, тој повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста.
Швеѓанецот на социјалните мрежи објавил среден прст со натпис „Среќен Божик“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic)


Верниците го опсипале со навредливи пораки, многумина му посакале да не постигне гол во 2021. година, а многумина истакнале дека е срамота 39-годишен маж да објавува вакви работи.
Ибрахимовиќ неодамна зборуваше и за религијата, бидејќи неговиот татко е муслиман од Босна, а неговата мајка католик од Хрватска.
„Мојата религија е религија на почитување на другите. За сите вери, за сите мислења. Така пораснав и така размислувам сега“, одговорил Ибрахимовиќ на прашањето која е неговата религија.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Зверев шокира: „Не не тестираат, а многумина се заразени!“

Германскиот тенисер Александар Зверев вели дека контролите во Австралија се послаби отколку што мислат, а …