(ВИДЕО) Блаж Маротов ја промовира “Прекрасен ден” со желба за што побргу враќање на НОРМАЛНОТО!

Музичкиот творец Блаже Блаж Маротов синоќа ја претстави својата најнова авторска песна, „Прекрасен ден”, која ја сними како завршница на оваа, за него, многу успешна година на музички план, иако генерално за сите и насекаде тешка година.
Со „Прекрасен ден” тој порачува:
„Драги мои пријатели и обожаватели, специјално за Вас сакав да направам нешто убаво пријатно за слушање, со позитивна порака. Со текст во кој верувам секој ќе се пронајде и го посакува убавото. Денот на промоција е денес, 25. декември, по повод новогодишните празнувања, но и Божик, и католички и православен. Песната е уште еден срдечен музички поздрав од мене до мојата публика со добра мисла и искрени желби, и благодарност за големата поддршка оваа година, како од македонската публика така и од хрватската заедница во Македонија, во однос на моите хитови „Роман за нас” и „Бенг бенг”, вели Маротов.


Да потсетиме, познатиот музичар оваа година во своето студио прво направи неколку успешни преработки на македонски етно песни во стилот на вечната класика, потоа ја претстави хрватската мелодија „Роман за нас” со која доколку беше ситуацијата добра требаше да настапи на Сплитскиот фестивал, и ја промовираше на 29. јули, на Денот кога на Балканот се одбележуваше споменот на легендата Оливер Драгојевиќ, а на Втори август, на Илинден во Крушево, направи необична и интересна промоција на македонската песна во латино стил „Бенг Бенг”.
Двата хита ги визуелизираше со спотови, во негова режија, а во неколку наврати неговите песни беа хитови на Радио Буба Мара и емитувани на Македонско радио – Радио два и радијата низ земјава.
Во 2021.година Маротов им посакува многу здравје, среќа и враќање на Животот во полна форма на сите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Тозовац порачал од болница:„Не е дојдено моето време да си заминам од овој свет, тапкам во место да излезам!“

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац се огласил од болницата од одделот за интензивна нега, каде е …