(ФОТО) ПОМИРУВАЊЕ НА ГОДИНАТА – Вилијам и Хари ги закопале секирите!

Откако со сопругата, Меган Маркл, реши да се повлече од функцијата на вишите членови на британското кралско семејство принцот Хари започна војна со неговиот брат Вилијам, иако имаше големи судири пред Мегзит. Самиот крај на годината донесе голем пресврт во нивниот однос.
Принцовите Вилијам и Хари, кои важеа за најхармоничните славни браќа во светот, се судрија со првите навестувања на Мегзит, а кога се реализираше планот на помладиот син на Дијана и Чарлс и неговата сопруга, конфликтот кулминираше.

Колку е лош односот меѓу браќата, можеше да се види на прославата на Денот на Комонвелтот на почетокот на оваа година во Лондон, кога Вилијам и Хари не кажаа ниту збор, ниту се поздравија. Светот зачудено гледаше како тие се однесуваат како странци еден со друг.

За среќа, конфликтот завршил. Семејствата на војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс размениле Божиќни подароци како знак на „Божиќното примирје“.
Хари и Меган испратиле подароци до Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца купени во ексклузивен бутик во близина на нивната вила во Санта Барбара, дознава „The Sun“.
Меган наводно ја искористила својата способност да пишува убаво, па им напишала честитки на принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, пишува „Daily Mail“.
Веста за размената на подароци ја споделил кралскиот биограф Ендру Мортон, автор на книгата „Дајана: вистинска приказна“, кој исто така тврди дека Вилијам и Кејт им испратиле божиќни подароци на Меган и Хари, како и на нивниот син Арчи Харисон. Палатата Кенсингтон одбила да коментира.
Мортон исто така рекол дека Хари планира да разговара со неговиот татко и брат за време на Божик. Веста за помирувањето доаѓа еден ден откако премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека прославата на Божик ќе биде поинаква оваа година, што ќе ги наруши плановите на Кејт и Вилијам, како и на сите други семејства во земјата.

Кејт и Вилијам планирале да останат со своите деца за време на празниците во куќата на нејзините родители во Баклбери, Беркшир, каде требало да им се придружи Пипа Мидлтон со нејзиниот сопруг Џејмс Метјус и синот. Поради новите мерки во Беркшир и Лондон, војвотката од Кембриџ понудила семејството дасе угости во Анмер Хол.
Промената на планот ќе биде тешка за Керол и Мајкл Мидлтон, кои сакале Божик да го поминат заедно со своите внуци. Мајката на Кејт и Пипа изјавила претходно дека нивните прослави се обележани со ситници, како и дека на трпезата обично се наоѓаат пити и греено вино. Мидлтонови не слават празник без имела.
Оваа година, таа сакала да го почести семејството со шампањ и чаден лосос, специјалитети според рецептите на Мери Бери, вклучително и вегански јадења.

Кралицата Елизабета Втора решила да ги помине празниците во мирна атмосфера со нејзиниот сопруг војводата од Единбург, во замокот Виндзор. Тие ќе бидат придружувани од персонал кој е изолиран од нивните семејства. Посебна одредба ќе и овозможи на кралицата да присуствува на црковната миса, во приватна капела во која ќе се влегува исклучиво со маски.
Ќе се служи мисирка на трпезата на кралицата и принцот Филип, а од нив се очекува да остварат видео повик со Меган и Хари, со кои нејзината мајка Дорија Рагланд ќе слави во Америка.
Принцот Чарлс и неговата сопруга, за време на празниците, ќе бидат во Глустершир, Англија, со две деца и пет внуци на војвотката од Корнвол.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …