Празниците донесуваат чувство на среќа затоа што поминуваме време со своите најблиски
Бадник му донел малку поинаква емоција на Кевин, бидејќи освоил 15,5 милиони долари во казино во Лас Вегас.
Божиќно чудо за Кевин е тоа што тој освоил 15.491.103 долари обидувајќи си ја среќата на еден од автоматите во Лас Вегас.
Веста ја потврдило казиното „Сункуст“ на Твитер, наведувајќи дека Кевин дошол до добивка од 15. милиони долари откако вметнал 40 долари во автоматот.
🚨 MEGABUCKS JACKPOT ALERT! 🚨
Congratulations to Kevin for hitting the $15,491,103 Megabucks Progressive Jackpot at @suncoastcasino!#SuncoastCasino #BConnectedWinners #Megabucks #Jackpot #MegabucksJackpot #LasVegasJackpots pic.twitter.com/88t1Ty3S3A
— Suncoast Casino (@suncoastcasino) December 25, 2020
Ова е најголемата победа на автоматите во последните осум години во цела Невада, американската сојузна држава каде се наоѓа светската престолнина на игрите на среќа – Лас Вегас.
Среќниот добитник, кој од безбедносни причини е познат само како Кевин, открил дека сè уште живее на Алјаска, но дека често доаѓа во Лас Вегас.
Тој добивката ќе ја искористи за понатамошна развој на својата компанија.