SE SOBRAVME ZA VAS

НЕ САКАТЕ ДА ПРОПУШТИТЕ – CITY RADIO СО ONLINE ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА „CE СОБРАВМЕ ЗА ВАС“ – CHRISTMAS EDITION

Од забава никогаш доста! – Тоа е и причината поради која City Radio по втор пат го организираат онлајн настанот „Се собравме за вас“, но овојпат Christmas Edition.

Пандемијата низ целиот свет наметна нови начини на огранизирање забави, па затоа, City Radio одлучија да бидат дел од таканаречените ONLINE случувања, и да не забавуваат за време на Новогодишните и Божиќни празници со убава музика, преку која ќе испратат топли честитки за успешна 2021ва година.

Оваа сабота, на 26 декември, од 20:00 часот, најдобрите македонски диџеи ќе приредат предновогодишна онлајн забава за сите љубители на добрата музика, под мотото „Се собравме за вас“ – Christmas Edition.

Најпознатите и најистакнати диџеи од македонската музичка сцена, Диџеј Боби, диџеј Бранчес, диџеј Фици и диџеј Џон Антонионајавуваат одлична онлајн забава. Станува збор за диџеи и стари пријатели на City Radio кои зад себе имаат голем искуство, а за утре најавуваат разновидни сетови со музика која е тренд и барана во светот и која ќе има за цел да ги дигне на нозе сите во домовите!

Идејата на City Radio преку овој проект е да покажат и докажат дека музиката е таа која што ги поттикнува позитивните вибрации, не тера да играме, да се радуваме на денот, да испратиме насмевка, топла прегратка и да покажеме дека таа е причина плус сите да бидеме заедно, а сепак на далечина. Музиката е лекот за умот и душата, може да допре онаму каде ништо друго не може, длабоко во срцето.

Проектот „Се собравме за вас“, го овозможија City Radio заедно со официјалниот партнер A1, а ќе може да се следи во секој дом во живо на YouTube каналот на City Radio, https://www.youtube.com/user/CityRadio947или директно на радио фреквенцијата на City Radio, 94.7 ФМ.

За да продолжи Новогодишната магија, City Radio овозможија и дочек на истата со емитување на „CE СОБРАВМЕ ЗА ВАС“ – Christmas Edition на ТВ Телма од 22:00 до 24:00 часот на 31ви декември и репризно Божиќно издание на 04ти јануари od 16:00 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Тозовац порачал од болница:„Не е дојдено моето време да си заминам од овој свет, тапкам во место да излезам!“

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац се огласил од болницата од одделот за интензивна нега, каде е …