Маските блокираат 99,9% од големите капки кои го носат корона вирусот

Маските за лице го намалуваат ризикот од ширење големи капки за 99,9% поврзани со опасноста од ширење на короната кога лицето зборува или кашла, покажало едно истражување, чии резултати ги објавија научниците во средата.
Жена во исправена положба на два метра од маж кој кашла без маска е изложена 10.000 пати повеќе на ширење капки што потенцијално го носат вирусот, објавиле во списанието Royal Society Open Science.
„Несомнено е дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“, изјавил водечкиот автор на студијата Игнасио Марија Виола, експерт за динамика на течности од Универзитетот во Единбург.
Авторите на студијата велат дека капките што се исфрлаат како проектил кога зборуваат или кашлаат, а потоа паѓаат на земја поради гравитацијата се главниот двигател на преносот на вирусот Сарс-КоВ-2.
Помалите, пофини, капки, кои ги чинат аеросоли, можат да останат подолго во воздухот и да претставуваат ризик, особено во затворени, слабо проветрени места, без проток на воздух, и кога луѓето не носат маски или ги носат погрешно, под носот.


Универзалното носење маски ќе го намали бројот на смртни случаи во светот за 40.000 до 1 април
„Постојано издишуваме цела низа капки, од микро големина до онаа од неколку милиметри“, а некои паѓаат на земјата побрзо од другите, во зависност од температурата, влажноста и особено протокот на воздух“, додал научникот.
Студијата е концентрирана на честички поголеми од 170 микрони во дијаметар, околу два до четири пати поголеми од лушпите на човечката коса.
Аеросолните честички се помали, од 20 до 30 микрони.
„Во нашата студија, за поголемите капки што ги измеривме, зборуваме за намалување од 99,9 проценти“, нагласува Игнасио Марија Виола.
Универзалното носење маски ќе го намали бројот на смртни случаи во светот за 40.000 до 1 април, објави Институтот за здравствена метрика и проценки од Сиетл.
Центарот за контрола и превенција на болести од Вашингтон вели дека маските не само што ефикасно блокираат поголеми капки, туку можат да блокираат и фини капки и честички, кои обично ги опишуваме како аеросоли, пренесуваат агенциите.
Вирусот САРС-CoV-2 што ја предизвикува болеста ковид 19 во дијаметар е околу 0,1 микрони.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на кејот „13. ноември“

Градоначалникот  Шилегов  денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот …