Иако нивната долготрајна правна битка за старателство над децата не е завршена, Бред Пит и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли успеале да постигнат договор за Божиќните празници што ќе ги поминат со своите три биолошки деца – ќерката Шајло и дванаесетгодишните близнаци Нокс и Вивиен.
Според магазинот „US Weekly“, времето на Пит за време на празниците со децата ќе биде ограничено.
„Децата ќе можат да го поминат Бадник со него“, посочува изворот за списанието, кој понатаму објаснува како двојката претходно зборувала за празниците да ги поминат како семејство, кога на почетокот на годината успеале да најдат „заеднички јазик“. Сепак, оттогаш плановите се променија.
„Бред и Анџелина се подеднакво одговорни за тековната судска драма, а нивните деца станаа колатерална жртва“, додал изворот.
View this post on Instagram
Глобалната пандемија на коронавирусот оваа година ја спречи познатата оскаровка во нејзината хуманитарната работа надвор од Соединетите држави, а за да ги однесе своите биолошки и посвоени деца во хуманитарни мисии низ целиот свет, според судската одлука, требаше да побара одобрение од Бред Пит
Поранешната холивудска двојка беше вклучена во бесконечна битка за старателство над децата која се одолговлече и траеше до април 2019 година, а сè започна во септември 2016 година, кога Анџелина Џоли поднесе барање за развод од актерот.
View this post on Instagram
Покрај четиринаесетгодишната Шајло и дванаесетгодишните близнаци, битката за старателство над Бред Пит и Анџелина Џоли подеднакво ги погодува и седумнаесетгодишната Пакс и петнаесетгодишната Захара. Првото посвоено дете на Анџелина, момчето Мадокс од Камбоџа, овој август го прослави својот 19-ти роденден.
View this post on Instagram
Ова лето, Џоли се обиде да го отстрани приватниот судија – Џон Одеркирк – од бракоразводната парница со Пит, бидејќи тој наводно негувал блиски односи со адвокатите на Пит. Тимот на Пит одговори на обвинувањата на Џоли со судски документи кои докажуваат дека Одеркирк, кој ја служел венчавката на двојката во 2014 година, ги информирал сите страни за наводниот судир на интереси.
View this post on Instagram
„Колку подолго тоа работи, толку поголема штета им нанесуваат на децата“, рекол еден познаник на парот за „The Post“ во август.
„Ова е игра што таа ја игра. Таа сè уште го има поголемиот дел од времето со децата во однос на него и се обидува да ја одржи таквата состојба што е можно подолго“.
Фото: Instagram