Жито Лукс секојдневно ќе донира производи во Народната кујна во Шуто Оризари

Со донација од брашно и леб, Жито Лукс ќе го помага работењето на Народната кујна што денеска се отвори во Шуто Оризари. Компанијата Жито Луксго поддржа проектот на Општина Шуто Оризари и го поздравува отворањето на народната кујна како начин на вистинска и искрена грижа за оние што имаат потреба.

“Постоењето на народна кујна е концепт во којшто како компанија силно веруваме и затоа го поддржуваме, да се даде непосредна, континуирана, секојдневна помош на лицата на кои помошта им e најпотребна. Со секојдневна донација ќе бидеме присутни и тука,  овозможувајќи граѓаните кои се во социјален ризик да добијат топол оброк и свежо печен леб.Веруваме дека оваа народна кујна ќе биде место каде што сите граѓани што имаат потреба ќе најдат топол оброки овој пример ќе се следи и понатаму и во другите градови каде што има потреба”, велат од Жито Лукс.

Народната кујна е проценето дека секојдневно ќе опслужува повеќе од 200 семејства кои се во социјален ризик.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Повторно високи бројки – Денеска се регистрирани 721. нов случaj на Ковид 19: Починати се 7. лицa

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа …