Денес е спомен на Преподобен Даниил Столпник: Ако ве следи несреќа молете се на овој светец!

Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којшто остана сè до својата смрт, поднесувајќи ги еднакво жегата и студот и нападите од луѓето и демоните. Околу неговиот столб се собраа голем број ученици и тој, со својот пример и поучувајќи, сите ги водеше кон живот во светост. Овој Свој слуга заради ползата на луѓето Бог го даруваше со голема блaгодат на чудотворство уште за време на животот. Беше голем прозорливец на идните настани. Под неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, во потрага по помош и совет од Божјиот светител. Кај него доаѓаа цареви, патријарси и прости луѓе. Царот Лав Велики своите гости-државници од странство ги водеше под столбот на светиот Даниил и им го покажуваше светителот велејќи: „Ете го чудото во моето царство!“ Преподобен Даниил си го прорече денот на својата смрт, ги поучи своите ученици и се прости. Пред неговата смрт, учениците видоа над столбот Ангели, пророци, апостоли и маченици. Овој ангелски човек поживеа осумдесет години и се упокои во 489 година.

Христијаните веруваат дека столпниците имаат голема исцелувачка и пророшка моќ.

Заштитник на мирните и нежните
Поради својот примерен и воздржан живот Даниил Столпник се смета за заштиник на мирните и нежни луѓе чија воздржаност многумина ја мешаат со слабост па ги угнетуваат. Преподобен Даниил Столпник на таквите може да им ги олесни и најтешките маки, а единствено што треба да направат е искрено да му се помолат.

Преподобен Никон Сувиот
Како монах во Киевските пештери беше заробен од Татарите. Во тоа ропство помина три години, мачен, окован, и понижуван. Кога едни негови роднини донесоа пари за да го откупат, тој одби велејќи: „Да сакаше Господ да бидам слободен, немаше да ме предаде во рацете на беззакониците!“ Еднаш му рече на господарот дека Христос за три дена ќе го ослободи од ропството. Татаринот мислеше дека робот ќе му побегне, па му ги пресече жилите на колената. На третиот ден Никон навистина со невидлива рака беше пренесен во Киев. По извесно време дојде Татаринот во Киев и го препозна својот бивш роб Никон, се покаја и се крсти. И тогаш му стана послушен на својот поранешен роб. Никон, наречен Сувиот заради истоштеноста на неговото тело, беше голем прозорливец и чудотвотрец. Се упокои мирно во Господа, на 11 декември 1101 година.

Светиот маченик Миракс
Мисирец. Залажан од муслиманскиот емир го прими исламот. Потоа се покаја, влезе во џамијата со крст, се објави себеси за христијанин и ги повика муслиманите да ја остават лагата и да ја примат вистината. Мачен и убиен во 640 година.

Преподобен Лука Столпник
Живееше во Цариград во времето на царот Константин Порфиророден. Како војник учествуваше во војната против Бугарите, во која виде погибел на илјадници луѓе, а самиот излезе жив и неповреден. Согледувајќи го во тоа спасение прстот Божји, ја презре суетата на светот, се повлече на еден столп кај Халкидон и таму се подвизуваше цели четириесет и пет години, чистејќи си го срцето од сите гревовни помисли и желби. Се упокои помеѓу 970 и 980 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на кејот „13. ноември“

Градоначалникот  Шилегов  денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот …