(ВИДЕО+ФОТО) Hyundai произвел автомобил за најмладите – Отишол во најдобри раце!

HYUNDAI одлучил да подари една навистина посебна работа.
Станува збор за модел 45EV кој претставувал основа за креирање на детски автомобил. Тие го нарекуваат најмалиот електричен автомобил, но што е уште поважно, тоа ќе ги израдува најмладите пациенти во детската болница во Барселона.
Ова е се’ само не обичен автомобил за деца. Имајќи предвид во каква околина ќе влезе и со какви потешкотии ќе се соочат оние што ќе ја користат, Hyundai одлучил да ја опреми оваа играчка со голем број напредни системи. Сите имаат само една цел, а тоа е да му се помогне на детето.

Првата и најважна технологија е EAVC (Emotion Adaptive Vehicle Control), систем што го препознава расположението на детето и го прилагодува на другите системи во автомобилот. Комбинирајќи ги читањата на расположението на лицето, отчукувањата на срцето и бројот на вдишувања со перформансите на возилото, системот се стреми да му помогне на детето со соодветно осветлување, музика, мирис, па дури и меурчиња од сапуница.
„Се надеваме дека оваа технологија за мини-автомобили ќе обезбеди забавно и безбедно мобилно искуство за младите пациенти и на тој начин ќе им помогне да го подобрат своето здравје“, рекол Јинмо Ли, виш инженер за развој во Hyundai.

Во болницата со голема возбуда го дочекале ваквиот подарок. Децата и вработените се подеднакво среќни за него.
“Болницата е многу среќна што можеме да им овозможиме на децата вид на оваа технологија. Тоа драматично ќе го промени начинот на кој пациентите се справуваат со терапијата”, изјави директорот на болницата Joan Sanchez de Toledo.

Фото: Hyundai

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Како да е вистински: Bugatti Chiron направен од отпад

Scrap metal Art Thailand се наоѓа на околу два часа возење од Бангкок, главниот град …