Предупредување на шефот на Бајонтек за новиот вид на корона

Шефот на компанијата „Бајонтек“, која стои зад вакцината против ковид, предупреди дека мутираната варијанта на вирусот што брзо се шири во Велика Британија може да го отежни постигнувањето на имунитет на стадо.
Коосновачот на германската компанија, Угур Сахин, предупреди дека државите можеби ќе мора да вакцинираат скоро три четвртини од населението, ако се докаже дека новиот вид е поефикасен во заразувањето луѓе. На прашањето кога луѓето ќе можат да го поразат коронавирусот, Сахин истакна дека не може да се очекува целосна победа.
„Никогаш нема да можеме целосно да го победиме вирусот. Она што сакаме да го постигнеме е повеќе да не влегуваме во ситуација луѓето да не можат да излезат од своите домови. Ова можеме да го постигнеме ако сите работат добро и ако достават доволно дози на вакцина. Можеме да го достигнеме тоа на крајот на летото. Ќе биде полесно во текот на летото. И, забележавте дека животот беше скоро нормален ова лето, бидејќи вирусот е помалку активен во текот на летото. Луѓето исто така се надвор поголемиот дел од времето. Тие исто така имаат помала веројатност да се заразат на отворено. Важно е да ја пребродиме зимата. Сепак, тоа е можно само кога сите се дисциплинирани и кога се грижат за себе и за другите. Од друга страна, многу е важно 60-70 проценти од луѓето да се вакцинираат пред следната зима. Тогаш можеме да кажеме дека повеќе нема да мора да бидеме затворени“, рекол Сахин.


Сахин исто така ветил дека доколку вакцината се покаже како неуспешна во борбата против мутираниот вирус, неговиот тим ќе може да ја преобликува во рок од шест недели за да се насочи кон сосема нов вид.
Во моментов се спроведуваат тестови за да се утврди дали вакцината Фајзер/Бајонтек има иста 95% ефикасност на новиот вид како и на „обичниот“ коронавирус. Тие резултати ќе бидат готови за две недели, рекол Сахин.
„Научно е многу веројатно дека имунолошкиот одговор на оваа вакцина може да се справи и со новата варијанта на вирусот“, се надева тој.
Сахин исто така рекол дека новиот вид на вирус откриен во Британија има девет мутации, не само една. Сепак, тој изразил уверување дека вакцината развиена со Pfizer ќе биде ефективна, бидејќи иако новиот вид има повеќе мутации, само еден процент од неговиот генетски код е променет – што значи дека 99% од вирусот е сè уште ист.

Извор и фото: en.wikipedia.org

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КАКО ПРЕКУ ИСХРАНАТА ДА ЈА ВРАТИТЕ ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ВО РАМНОТЕЖА: Кај хипо и хипертироидизам одбегнувајте ги ОВИЕ намирници!

За секој случај, пред да направите какви било промени во вашата исхрана, консултирајте се со …