Денес е спомен на Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф: Нивните мошти сите ги зачудија!

Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и красноречивост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабошците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабошци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор.

loading...

Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Мина, извикувајќи кон царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба.

Светиот маченик Гемел
Чесен граѓанин на градот Анкира. Кога царот Јулијан Отстапник дојде во овој град, Гемел излезе пред него и јавно го разобличи за богоотстапништвото. Заради ова беше мачен и распнат на крст, во 361 година. Кога беше во маки на крстот, слушна глас од небото: „Блажен си ти, Гемеле!“


Преподобен Тома Дефуркин
Голем испосник, победник на демоните и прозорливец. Царот Лав Мудриот му напиша писмо, а тој одговори без да го отвори царевото писмо. Се упокои во Господа во длабока старост, во 9 век.

Преподобна Ангелина и Свети Јован Деспот
Ќерка на албанскиот кнез Ѓорѓи Скендербег и жена на српскиот деспот Стефан. Заедно со нејзиниот маж претрпе прогонство и делеше со него секаква горчина во Албанија, Италија и Србија. Своите синови, Максим и Јован, ги воспита во вистински христијански дух. По смртта на нејзиниот маж се замонаши и сосема им се посвети на молитвата, на милосрдието и на изградбата и поправката на црковни храмови. Народот и сега ја нарекува мајка Ангелина, што произлегува од нејзиното совршенство како сопруга, мајка и христијанка. Нејзините чудотворни мошти почиваат покрај моштите на нејзиниот праведен маж Стефан, во Крушедол, заедно со моштите на нивните осветени синови Максим и Јован (доколку не се уништени од Турците). Се упокои во почетокот на 16 век.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …