(ВИДЕО) И’ ТИЕ СЕ САМО ЛУЃЕ: Еден од најдобрите возачи на Формула 1 толку се опил што не можел да отклучи и да влезе дома

Холандската телевизија, Ziggo, снимила документарец за Макс Ферстапен, а во последната од трите епизоди гледачите ја виделе прославата на неговиот 23-ти роденден.
Откако еден од најдобрите светски возачи го прославил својот роденден во авион, камерите го снимиле неговото враќање дома во Монако. Потполно пијан, се обидел да влезе во станот, но добро се измачил,во таква состојба, се додека не успеал да отклучи.

Во Австралија во 2015. година, Ферстапен стана најмладиот возач што се натпреварувал во трка во Формула 1 на возраст од 17. години и 166. дена, а една година подоцна стана најмладиот победник. Досега, возачот на Ред Бул има остварено 10. победи и 43. пласмани на подиумот. Тој, оваа сезона, ја заврши трет.

Фото:Принтскин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Луксузните автомобили на Роналдо се селат од Торино

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (36) е близу до напуштање на италијанскиот гигант по три години поминати во …