(ВИДЕО+ФОТО) Кетрин Зита Џонс објавила фотографија со сопругот, Мајкл Даглас, а еден „трол“ коментар многумина збеснал

Актерката Кетрин Зета-Џонс ретко споделува приватни фотографии на својот Инстаграм профил, но сега ги воодушевила обожавателите со селфи на кое позира со сопругот Мајкл Даглас.
„Утро“, напишала Кетрин покрај фотографијата на која позира со својот 25-години постар сопруг.

Фотографијата добила над 120.000 лајкови, а фановите не штеделе на комплименти.
„Изгледате навистина среќно“, „Убава“, „Вие сте прекрасна двојка“, „Вие навистина сте еден од најубавите парови“, се само некои од коментарите.
Сепак, еден следбеник го коментирал Мајкл.
„Тој изгледа навистина старо“, се вели во коментарот, но другите следбеници наскоро одговориле.
„Луѓето стареат, барем оние кои имаат среќа да го доживеат тоа“, „Не грижи се, тоа им се случува на сите“, му напишале следбениците.

Инаку, Кетрин и Мајкл неодамна прославија 20 години брак во кој имаат две деца.

Видео и фото: Instagram/catherinezetajones/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) НИШТО НЕ РЕШИЛ: Принцот Хари се вратил во Калифорнија и тоа еден ден пред 95. роденден на кралицата!

Иако се шпекулираше дека Хари ќе го продолжи престојот во татковината и ќе го прослави …