(ФОТО) СЕМЕЈНА ДРАМА НА СКИЈАЊЕ: Мажот врескал и молел да се запре жичницата додека синот им висел од 12. метри!

‘Сопругот панично врескаше и молеше жичницата да запре бидејќи нашиот син паѓаше од 12 метри висина’
Скајлер, деветгодишниот син на американската модна дизајнерка Рејчел Зои (52), претрпел сериозна несреќа на скијање во неделата – момчето паднало од жичарницата од висина од 12 метри и завршило во болница.

“Ова го објавувам за да ве потсетам на сите колку е навистина кревок животот, понекогаш не сме свесни дека сè може да се промени во дел од секундата. За среќа, Скај се опоравува, тој е најхраброто момче што го познавам …


„Иако јас и неговиот татко сме потполно скршени, денес се разбудивме благодарни за ова чудо и фактот дека нашето дете е безбедно и добро“, напишала Рејчел на Инстаграм покрај фотографијата на нејзиниот син од болничкиот кревет.


„Мојот син падна од жичарницата, од висина од 12 метри, и се’ можеше лесно да се спречи доколку операторот реагираше веднаш кога виде што се случува … Додека мојот сопруг панично врескаше и молеше да запре жичарницата, хероите од ски патролата брзо и прецизно проценија каде ќе падне Скај и ставија ќилим на тоа место – му го спасија животот, благодарение на нив ја избегнавме трагедијата“, опишала Зои.

 

 

– Скај е одлично расположен сега, тој сè уште е збунет и во болки, но покажа дека е вистински шампион. Јас и мојот сопруг никогаш не сме биле повеќе благодарни што сега гледаме како нашето дете оди, се смее, зборува … За волја на вистината, тој беше похрабар и од двајцата – ние сè уште само го бакнуваме, гушкаме и само гледаме во него. Гушнете ги вашите бебиња денес од нас“, им порачала Рејчел на своите следбеници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Мартовските сончеви зраци бараат и неопходна заштита!

Повеќето од нас изминативе месеци ги поминаа дома од повеќе разумни причини. Меѓутоа зголемените температури, …