(ФОТО) Погледнете како Меган Маркл изгледала на матура

Иако на оваа фотографија има само 16. години, многумина сметаат дека Меган Маркл не се сменила многу.
На социјалната мрежа Инстаграм неодамна се појави фотографија од Меган Маркл од матурата, на која позира со своето тогашно момче.
„Шеснаесетгодишната Меган Маркл позира со своето прво момче Луис Сегурио на божиќен танц во средно училиште во 1997. година“, стои под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velvey 💸🪞🪄 (@velvetcoke)

Војвотката од Сасекс на оваа фотографија позира весела и насмеана, во црн фустан со светки, а многумина под фотографијата коментирале дека изгледа скоро исто како денес на 39-годишна возраст и дека воопшто не се сменила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) НИШТО НЕ РЕШИЛ: Принцот Хари се вратил во Калифорнија и тоа еден ден пред 95. роденден на кралицата!

Иако се шпекулираше дека Хари ќе го продолжи престојот во татковината и ќе го прослави …