(ВИДЕО) После долга пауза се врати Ед Ширан: Слушнете ја неговата нова песна!

Повеќекратно наградуваниот композитор, текстописец и пејач Ед Ширан вчера објави нова песна наречена „Afterglow“.
Ед веќе подолго време работи на нов албум, кој планира да го издаде во текот на следната година.
Оваа песна е негов празничен подарок на обожавателите ширум светот.
„Песната ‘Afterglow’ ја напишав минатата година и ви ја посветувам вам. Ова не е прв сингл од иден албум, туку е само песна што ја сакам и се надевам дека ќе ви стане драга и вам. Уживајте! Ви посакувам безбеден и среќен одмор за време на празниците. Среќна Нова Година!“, порачал Ширан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) КАНТРИ ДИВАТА СЕ ВАКЦИНИРАЛА! Доли Партон запеала на столчето, а минатата година дала 1.000.000 долари за истражување!

Легендарната кантри пејачка Доли Партон ја прими својата прва вакцина и се пофали со тоа …