(ВИДЕО) Брз манчмелоу колач, кој сите го сакаат

Манчмелоу колачот е лесен за подготовка, не е премногу сладок и сите го сакаат.
Лесно е да одите до продавница и да манчмелоу колач – сепак – кога ќе научите како да го направите тоа ќе остане како План Б.
Состојки
За бисквит:
6 жолчки
10 лажици шеќер
6 полни лажици брашно
3 лажици какао
1 ванилин шеќер
половина прашок за пециво
200 мл млеко
100 мл масло
За фил:
6 белки
20 лажици шеќер (10 + 10)
1 ванилин шеќер
4 лажици ладна вода
За глазура:
150 гр чоколадо
5 лажици масло
5 лажици вода


Подготовка: изматете ги жолчките со шеќерот и додадете ванилин шеќер, млеко и масло. Се мати убаво со миксер. Измешајте го брашното со прашокот за пециво, па додадете го во смесата со јајца со какаото и убаво измешајте го со шпатула или дрвена лажица (не со миксер). Истурете ја смесата за бисквитот на хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 C 20 минути.
Додека бисквитот се пече со миксер, матете ги белките, додека не се добие цврста смеса. Додадете 10 лажици шеќер и ванилин шеќер и промешајте повеќе. Во тавата ставете 10 лажици шеќер и 4 лажици вода – ставете на ринглата, почекајте да зоврие и започне да се пени и кога ќе почне да се згуснува, односно да биде погусто од вода (како сируп), готово е. Постепено додавајте од сирупот во белките и матете.
Смесата нанесете на кората и вратете во рерна, која е намалена на 120 C, уште 10 минути. Направете глазура од чоколадо и полијте го колачот.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто 33 % жени со полицистични јајници имаат прекумерна тежина?

Поновите истражувања сведочат дека 33 % женисоСиндром на полицистични јајници (PCOS) се борат со прекумерна …