(ВИДЕО) БАЈАДЕРА СО КИКИРИКИ (ПОСНО ИЛИ МРСНО) КОЈА ЌЕ ЈА ОБОЖУВАТЕ! Еве како да направите крцкави ситни колачиња полиени со чоколадо!

Ситни колачиња идеални за слави и празници
Состојки:
– 180 мл вода
– 180 гр кристал шеќер
– 75 гр маргарин
– 200 гр иситнети (може и во блендер) кикирики
– 250 гр мелени бисквити
– 80 гр црно чоколадо
– 100 гр бело чоколадо
Глазура:
– 120 гр црно чоколадо
– 2 лажици масло
Подготовка:веднаш изрендајте го црното чоколадо. Комбинирајте вода и шеќер и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, додадете маргарин и почекајте да се стопи и да зоврие. Тргнете од оган и додадете кикирики и 200 гр мелени бисквити. Соединете, а потоа поделете на два дела. Во едниот дел ставете рендано чоколадо, а во другиот преостанатите 50 гр мелени бисквити и убаво измешајте. Во мал правоаголен плех или калап ставете хартија за печење, а потоа истресете ја целата светла смеса и израмнете. Белото чоколадо истопете го во микробранова печка или на пареа. Загревајте во микробранова печка 15 секунди додека не се стопи чоколадото. Растопеното бело чоколадо намачкајте го над првиот слој и префрлете го во замрзнувач да се стегне 5-10 минути. Препорачуваме млечно бело чоколадо бидејќи чоколадото за готвење не се топи убаво. Ако сакате посна бајадера со чоколадо користете за готвење. Извадете го од замрзнувачот и ставете го чоколадниот дел над него, и исто така израмнете го. Ако ви се случи другиот дел да се олади и ви се чини дека нема да може убаво да го ставите чоколадото, загрејте го малку. Не мачкајте топла црна смеса на белото чоколадо. Со чашата убаво израмнете ја површината. Глазурата се прави веднаш. Измешајте ги чоколадото и маслото и ставете ги во микробранова печка (15 секунди додека не се загреат) или на пареа и растопете ги заедно. Истурете врз бајадерата и посипете со изблендирани кикирики по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …