(ВИДЕО+ФОТО) ОВИЕ ДЕВОЈЧИЊА СЕ СВЕТСКО ЧУДО: Сестри „близначки“ родени од две матки и со 8. недели разлика 

Ева Реа и Евелин Рос имаат идентични особини и изгледаат како вистински близначки, но всушност се родени од две матки и со осум недели разлика…
Гордата мајка Келси Прајс не може да престане да ги гледа своите убавици. Облечени во идентични фустанчиња со речиси ист изглед, Ева Реа и Евелин Рос изгледаат како вистински близначки, иако не се.
Родени се со разлика од осум недели и од две различни матки, бидејќи едното девојче го родила Келси, а другото нејзината мајка Лиса.
Келси е 30-годишна учителка која низ насмевка објаснува:
„Не е необично мајката да биде во близина кога ќерка ѝ се пораѓа, но да го раѓа твоето дете – е тоа е прилично лудо!“

Келси се омажила за Кајл во 2016. година и планирале да добијат деца што побрзо, но судбината имала поинакви планови. По повеќе месеци обидување, Келси отишла на доктор кој ѝ кажал дека има низок естроген и јајници на жена во 40-те години.
Бидејќи докторите утврдиле дека Келси има блокирани јајцеводи, одлучиле да ја оперираат, а мајка ѝ Лиса (52), била покрај неа.
Додека седела во чекалницата на приватна клиника, Лиса видела списание во кое пишувало дека 50-годишна жена ги родила децата на својата ќерка.
„И јас би го направила тоа за вас“, ѝ кажала Лиса на својата ќерка.
Келси не сакала нејзината мајка да поминува низ тоа, но по неколку пропаднати вонтелесни оплодувања, лекарите ѝ предложиле сурогат-мајка или посвојување дете.


Тогаш, Келси се сетила на понудата од својата мајка и ѝ се јавила.„Секоја мајка сака да направи сѐ што е во нејзина моќ за да им помогне да своите деца. Кога ја гледав Келси како со години се мачи со неплодност, срцето ми се кинеше. Одлучив да бидам сурогат-мајка на нејзините деца. Им се јавив на неколку доктори, но дури четвртиот кому му се обратив се согласи да работи со мене, но само ако ги поминам сите тестови“, раскажала Лиса.
Набрзо било направено вонтелесно оплодување и тестот покажал дека Лиса е бремена.
„Бев пресреќна кога го видов бебето и ги слушнав отчукувањата на срцето. Бев многу благодарна, но љубоморна (што беше толку погрешно)“, се присетува Келси.
Иако изгубила надеж дека некогаш ќе биде бремена, Келси сепак забременила. Го фотографирала тестот кој покажувал две цртички и го испратила на мајка ѝ.
„Мислев дека ќе ми каже: ’Па зошто поминував низ сето ова ако ти си бремена?!’ Но таа беше среќна“, изјавила Келси.

Пред самиот крај на бременоста, Лиса добила преклепсија и девојчето го родила порано. Меѓутоа, сѐ било како што треба и бебето наскоро било во прегратките на мајка му Келси.
„Тоа беше најпрекрасното нешто на светот. А мајка ми ми покажа што значи вистинска пожртвуваност. Искрено се надевам дека и јас ќе им бидам доволно добра мајка на моите девојчиња, како што таа ми е мене“, раскажала Келси.
Погледнете го видеото што ја раскажува нивната неверојатна приказна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ВИДЕО+ФОТО) Дошол на венчавка со шест жени:„Сите се трудни од мене!“

На Инстаграм објавил фотографии од венчавката Контроверзниот богаташ познат како Прити Мајк предизвикал низа коментари …