Пет навики на Италијанците кои сите треба да ги прифатиме

Гранче рузмарин во чинија, активности во градината, но и во кревет, како и лежерно доживување на времето се само дел од некои „цаки“ поради кои Италијанците се полни со енергија.
Село на југот на Италија, околу 150 километри јужно од Неапол, било забележано во 1950-тите како место на долговечни и среќни луѓе. Тајната на нивното здравје лежи во медитеранската исхрана, односно многу маслиново масло, овошје, зеленчук и риба. Покрај тоа, нивниот омилен зачин е рузмаринот, кој го користат скоро секојдневно.


Затоа, според научниците, жителите на Ачароли, Алцхајмерова болест не им прави проблеми. Има помалку болести на кардиоваскуларниот систем, како и други хронични заболувања кои се поврзани со стареењето. Можеби затоа што се активни, без оглед на возраста – и во градината и на море, но и во кревет. Староста не се смета за пречка за размена на нежности.
Сепак, ова не се единствените навики поради кои Италијанците честопати можат да се однесуваат како да се на некои специјални батерии. Работата е во деталите што им овозможуваат да го искористат денот и да го исполнат со смеа, дружења и мали нешта што ги прават среќни.

Вистинско време за прошетка
Кога се двоумите, фрлете една „пасеѓата“, односно кратка прошетка без одредена цел – тоа е италијанското мото. Паузата од стрес во природата го продолжува животот и ги прави луѓето посреќни, и ако најдете друштво за ваква активност, ќе бидете уште поодоброволени, исто како и Италијанците.

Брзаат полека
И покрај густиот сообраќај, Италијанците не „летаат“ по улицата. Добро, барем додека пешачат. Перцепцијата за времето на „Чизмата“ е нешто поразлично, пофлексибилна отколку, да речеме, во Германија. Во ред е да доцните малку таму или барем никој нема да ви ја тргне главата од рамената заради десет минути чекање.

Брз ручек? Нема шанси…
Италијанците не брзаат ниту со ручек, дури и ако тоа значи дека ќе останат на работа подолго. Концептот за брз сендвич помеѓу три електронски пораки и два телефонски повика или тастатура полна со трошки е сè уште недопуштеноза нив. Таквиот пристап помага против стресот, кој го расипува расположението и го нарушува здравјето, а поголема е веројатноста да јадеме нешто здраво ако седнеме на маса и се посветиме на храната.

Маслинки и меурчиња
Пред вечера, Италијанците сакаат да одат на аперитив. Од 18. до 20. часот, особено во топлите денови, масите се преполни со луѓе кои се смеат и уживаат во некои пенливи пијалоци, маслинки, брускети со маслиново масло, сирење … Повеќето не доаѓаат на вечера, но во секој случај ваквиот оброк е многу поздрава варијанта отколку кесичка – две со чипс пред телевизорот.

Нема никој дома
Италијанците имаат безброј можности да избегаат некаде за време на викендот.
Без разлика дали сакате море, планини, шуми или езера, лесно е да најдете координати по ваш вкус. Ова обично значи активен одмор на две тркала или на прошетка, дружење со семејството и пријателите – и многу квалитетна забава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …