Ова е најефтин начин на слабеење

Се прашувате кој е најевтиниот и најлесниот начин да изгубите неколку вишок килограми?
Според резултатите од новата студија, сè што треба да направите е да пиете барем еден литар вода на ден.
Според нивните тврдења, време е да се заборават скапите членарини за теретани и таблетите за слабеење, бидејќи според резултатите од новата студија, најевтиниот начин за слабеење е да пиете повеќе вода. Новото истражување покажа дека возрасните кои пијат две чаши вода пред оброк, губат околу 2 кг. повеќе од луѓето кои не го практикуваат тоа.
Истражувачите дошле до овој заклучок откако проучиле 11. други студии кои ги проучувале ефектите на водата за пиење врз слабеењето и заклучиле дека водата за пиење помага при слабеење.


Бренда Дејви, професор на Универзитетот во Вирџинија, која присуствувала на ова истражување, вели дека водата го ублажува чувството на глад и со тоа го намалува внесувањето на калории во организмот. Ова е потврдено со неодамнешно истражување кое покажало дека жените кои го зголемуваат внесот на вода за време на диетата, губат поголема тежина отколку жените кои пијат помалку од еден литар вода на ден. Ребека Мукелбауер, научник од Медицинскиот универзитет во Берлин, вели дека чувството на ситост обезбедено од вода е најверојатно причината зошто водата помага при слабеење.


Постои уште една можност, а тоа е дека водата ја стимулира термогенезата, додека водата за пиење ја зголемува потрошувачката на енергија во организмот. Сепак, овој сегмент сè уште не е целосно истражен.
Институтот за медицина препорачува возрасните да консумираат околу 2,5 литри течност дневно преку храна, обична вода или други пијалоци.
Друго истражување открило дека жените кои пиеле многу течности имале малку помала веројатност да заболат од дијабетес, а кај жените кои не пиеле доволно вода имало поголеми шанси да добијат камења во бубрезите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО – Има 16. деца: „Сопругот ме убеди, јас во почетокот воопшто не сакав деца!“

Вкупно била бремена 23. пати, но некои бремености завршиле со спонтан абортус. Кога почнале да …