НОВ ОБЛИК НА КОРОНА во Велика Британија: Многу позаразен отколку досегашниот – Џонсон свикал итен состанок!

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ги повикал министрите од владата да се состанат денес и да разговараат за новиот вид на корона вирус, за кој се верува дека е многу позаразен од видот што бил присутен досега, објауваат британските медиуми.
Британската влада најверојатно денес ќе ја објави одлуката за зајакнување на ограничувачките мерки, кои ќе вклучуваат забрана за патувања во земјата, а тоа особено се однесува на југоистокот на Англија и Лондон.


Портпаролот на Џонсон не бил достапен за коментар.
Британската влада во понеделникот соопштила дека зголемувањето на бројот на заразени е веројатно поврзано со новиот вид на вирус на корона, поради што нивото на рестриктивни мерки е покачено на највисоко ниво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОТКАЗ ЗА НАСТАВНИЧКА ОД МАРИБОР: Активистка против вакцина одбила да биде имунизирана и тестирана за корона вирус

На наставничка во Основно училишта во Марибор и била врачено решение за престанок на работниот …