Морничав ценовник на секс услуги за улога на филм

“Му реков да застане и се обидов да го оттурнам, тој беше огромен. Не се согласував да имам секс. Почнав да се преправам дека уживам за сè да заврши што е можно побрзо. Денес се чувствувам виновна затоа што не се трудев се од себе да го спречам”, раскажала италијанската режисерка Ејжа Аргентино, еден од сведоците вмешани во неодамнешниот скандал што ја потресе американската индустрија за забава. Таа не е единствената. Бројни актерки се кренаа против славниот продуцент Харви Вајнстин, велејќи дека тој исто така сексуално ги малтретирал, уценувал и изнудувал секс поради улога. Сепак, приказната за „ценовникот за секс“ датира од дваесеттите години на минатиот век а за тоа зборувале и предупредувале најголемите актерки на сите времиња.

„Ме турна и ми рече да замолчам. Ги соблече панталоните и гаќите и започна да мастурбира. Заврши брзо и ејакулираше во садот со цвеќиња“, признала новинарката Лорен Сиван, зборувајќи за Вајнштајн.

Во исто време, актерката Ешли Џуд открила дека неговото однесување е јавна тајна во Холивуд за кое зборуваат жените со години. Но, ова сигурно не е прв и тешко дека ќе биде последен случај на сексуално изнудување и уцена во шоу-бизнисот.
Во првиот познат случај, комичарот Роско Фети Арбукле отишол на дива забава што завршила со смртта на актерката Вирџинија Репе во 1921. година. Плачејќи од болка поради искинат генитален орган, таа пред гостите го обвинила Арбукле за силување. Кога починала неколку дена по инцидентот, Фети бил обвинет за убиство. Но, по три судења и последователни жалби – тој бил ослободен од обвинението.
Експертите тврдат дека сексуалниот чин што завршил со такви повреди сигурно бил силување, но тој сепак успеал да се извлече.
Актерот Ерол Флин две години бил во љубовна врска со Беверли Арланд, која ја започнале кога таа имала само 15. години. Во време на аферата, Флин веќе бил обвинет, но не беше прогласен за виновен, за два случаи на силување на малолетнички во 1942. година. Подоцна признала дека со него завршила во врска поради страв.„Тој беше едноставно премногу силен за мене. Плачев. Во еден момент тој ми го скина фустанот. Потоа ме одведе во друга просторија, а јас сè уште плачев. ‘Постојано ми поминуваше низ главата:Што ќе ми каже мајка ми’“, рекла таа во една прилика.


Актерката Џоан Колинс еднаш рекла дека мора да спие со режисерот за улогата во филмот Клеопатра.
„Двапати бев на аудиција за Клеопатра и веројатно ќе ја добиев. Шефот на студиото ме однесе во канцеларијата и ме праша колку ја сакам таа улога. Му реков дека ја сакам со сето свое срце, а тој тогаш ми потенцираше дека сè што треба да направам е ‘да бидам љубезна со него’. За време на шеесеттите години, тоа беше стандарден еуфемизам за секс, но јас едноставно не можев да го сторам тоа. Истрчав од канцеларијата во солзи, а улогата и припадна на Елизабет Тејлор“, рекла таа.
Во своите мемоари „Child Star“ (Детска ѕвезда), познатата актерка Ширли Темпл открила дека пред неа познат продуцент на МГМ познат по „кауч за кастинг“, каде делел улоги засновани врз тоа дали сте ги откопчале панталоните за орален, анален или класичен секс. Тој мавтал со пенисот пред неа, а тоа било во 1940 година, кога Ширли имала само 12 години. Незапознаена со машката анатомија, таа реагирала нервозно и смеејќи се, а тој ја избркал од својата канцеларија незадоволен од реакцијата. За нејзина среќа, таа веќе имала потпишан договор со МГМ.

Мерлин Монро, исто така, пишувала за сексуалната злоупотреба во Холивуд во своите мемоари „Мојата приказна“.
„Ги запознав сите. Сите беа лажни и нитковници. Некои беа злобни и корумпирани, но беа најблиску до филмот и единствена шанса да се доближам до филмот. Затоа седев со нив и ги слушав нивните лаги и неморални понуди. Во нивните очи можеше да се види Холивуд – преполн бордел, весело друштво за паѓање во сечиј кревет“, напишала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …