МАКРОН ИЗОЛИРАН, БРИСЕЛ ВО СТРАВ: Заболувањето на францускиот претседател од ковид 19 ги загрижило официјалните лица на ЕУ!

По инфицирање на Емануел Макрон, целата ЕУ е загрижена за здравјето на нејзините лидери!
Европскиот совет, одржан на крајот од минатата недела во Брисел, веројатно било место на инфекција на шефот на француската држава, што го потврдила и министерката за здравство, Оливија Веран.
Лидерите на ЕУ носеле маски, но не секогаш, како на пример на работната вечера. Макрон бил фатен на камера без маска и за време на минути на молчење. Во Париз се изненадени што овој самит се одржал во живо во Брисел, а не преку видео врска.
Макрон е критикуван дека е невнимателен дома, во Франција. Во Франција, дури три од четирите највисоки фигури во земјата – претседателот, премиерот и претседателот на Собранието – се во изолација и ја водат земјата од карантин.

Прегратки
Беше критикуван и неговиот повеќе од срдечен поздрав, со ракување и скоро прегрнување, со Анхел Гури, 70-годишниот генерален секретар на ОЕЦД во Елисејската палата. Претседателската палата исто така ја признава оваа грешка.

Макрон се изолирал во резиденцијата за викенди, Lantern, во Версај, дваесетина километри од Париз, каде што, опкружен со природата на четири хектари, често го поминува своето слободно време. Неговата сопруга Брижит останала во карантин во Елисејската палата.


Макрон имал класични симптоми, кашлал, се чувствувал уморен, но продолжува да работи, а Lantern е целосно опремена за државни активности. Таму ќе остане барем до Божиќ. Неговата инфекција е здравствена и политичка тема во Франција.
Иако Макрон редовно се гледа со маска и користи гелови, во исто време, велат тие, тој е постојано опкружен со други луѓе, тој организира состаноци по ред. Сите се прашуваат како е можно да се одржуваат работни состаноци, па уште на трпеза, среде пандемија.
Вчера дури две здруженија, жртви на ковид и незадоволни трговци, поднеле тужба до републичкиот обвинител против највисоките државни функционери – претседателот е заштитен со имунитет – за кршење на полицискиот час и учество на работна вечера во Елисејската палата, иако сè може да се организира преку видео врска. На масата имало 12. лица, а претседателот бил тестиран следното утро – и тој бил позитивен.

Фото: www.facebook.com/EmmanuelMacron

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …