Како изгледа совршено тело видено со женски и машки очи

Една многу интересна фотографија која кружи на социјалните мрежи покажува колку всушност е различен идеалот за женска убавина – ако прашате жени и мажи.
Имено, ако прашате дами, совршеното женско тело треба да ја има косата на Кејт Мидлтон, лицето на моделот Кара Делавињ, градите на актерката Џенифер Анистон, половината на Гвинет Палтроу, колковите на Ема Вотсон и нозете на моделот Ел Мекферсон.

А, ако прашате господа, идеална жена треба да има коса како Скарлет Јохансон, лицето на Меган Фокс, градите на Ким Кардашијан, половината на Мишел Киган, колковите на Кели Брук и нозете на Роуз Ханинг Вајт.


Интересно е што во ниту една група го нема моделот Бела Хадид, која своевремено беше прогласена за најубава жена на планетата затоа што се вклопува во таканаречениот златен пресек, односно има скоро идеални црти на лицето.

Фото: twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Премалку сон се поврзува со поголем ризик од една од најсмртоносните болести во светот

ЛИЦА на возраст меѓу 50. и 70. години кои спијат шест часа или помалку ноќе …