Властите на рускиот град Јакутск, еден од најстудените градови во светот, донеле одлука за прекинување на наставата во училиштата поради големиот студ, а учениците ги испратиле дома. Сепак, непослушните деца не постапиле како што им било речено, туку тие истрчале на снегот да си играат.
Видеото што се појави на Интернет, прикажува деца од Јакутск како си играат, без оглед што надвор е минус 48, а еден од коментаторите под видеото на шега вели дека „мора да им ставаат антифриз во млекото“.
„Потребна е храброст да се издржи ваква клима. Но, само Русите можат да играат на овие ледени температури “, напишал друг корисник на социјалните мрежи, пишува Daily Mail.
It was -48C earlier today in Yakutsk which meant that lessons were cancelled, so… Video via Djiikey pic.twitter.com/5wyx8EiauQ
— The Siberian Times (@siberian_times) December 15, 2020
Во Јакутск училиштата се затвораат на температури од минус 42 до минус 50, во зависност од јачината на ветерот и возраста на децата.
Неколку стотици километри на исток, во најстудениот град во светот, Ојмјакон, помладите ученици од основните училишта мораат да следат настава дури и кога температурата е до минус 52., а постарите на температура од минус 56. степени.