(ВИДЕО) Ако не сте ја слушнале на радио: Премиера на необјавената „Божиќна песна“ на Влатко Илиевски

Не напушти пред две години но Влатко Илиевски, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа. Една од нив е и „Божиќна песна“.
На радиостаниците во Македонија во средата премиерно беше пуштена „Божиќна песна“, која Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не беше објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.
Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста.
Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Твоето лудо срце: Потресна порака на синот на Ѓорѓе Марјановиќ

Легендата на југословенската поп музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст, на 15. мај оваа …