10. причини да правите што повеќе јадења со куркума како превентива на канцер, помош на артритис, Алцхајмер, дијабетес…

Го ублажува синдромот на нервозно дебело црево
Оние кои страдаат од синдром на нервозно дебело црево, постојано се борат со грчеви во стомакот, надуеност, дијареја и многу други непријатни проблеми со цревата. Куркумата има потенцијал да ублажи некои од овие стомачни непријатности, според мета-анализата во Journal of Clinical Medicine од 2018 година.

Го намалува холестеролот
Куркумата ги намалува нивоата на маснотии во крвта наречени триглицериди. Триглицеридите се вид на маснотија што се создава во крвта кога јадете повеќе калории отколку што согорувате. Заедно со лошиот холестерол, тоа може да ги зацврсти sидовите на артериите, зголемувајќи ја можноста за мозочен удар, срцев удар и кардиоваскуларни болести.

Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Една студија од 2020 година објавена во списанието Biotechnology Advances покажала дека куркуминот може да биде добар за спречување или лекување на кардиоваскуларни болести. Други студии сугерираат дека антиинфламаторните ефекти на куркумата можат да помогнат во спречување на артериски заболувања.

Куркумата може да блокира опасни молекули
Куркуминот може да ги скроти нестабилните молекули на кислород познати како слободни радикали – немаат електрони, па затоа ги оштетуваат другите молекули во обид да ги заменат нивните електрони. Со текот на времето, оштетувањето може да предизвика артериско оштетување, раст на тумор и е главна причина за стареење. Антиоксидансите – како куркумин – нè штитат од слободните радикали со неутрализирање на опасните молекули (без самите да станат слободни радикали).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) За што зборувале кралските браќа? Експертите читале од усните!

По погребот на принцот Филип, нивниот дедо, принцовите Хари и Вилијам биле забележани како заедно …