Може да го подобри расположението
Мета-анализа на 10 студии за куркумин и депресија објавена во 2019. година во списанието Critical Revievs in Food Science and Nutrition сугерирала дека може да ги подобри симптомите на анксиозност и депресија. Повеќето достапни истражувања сугерираат дека куркуминот може да помогне во намалување на симптомите на депресија кај оние кои веќе користат антидепресиви.
Ако шеќерот во крвта ви е превисок, куркумата може да ви помогне
Студиите за куркумин објавени во Journal of Nutrition & Intermediary Metabolism сугерираат дека може да дејствува како хипогликемичен агенс – намалување и помагање во контролирање на нивото на гликоза во крвта (шеќер во крвта) кај луѓе со дијабетес тип 2.
Куркумата како превенција од Алцхајмерова болест
Луѓето кои живеат во Индија имаат пониски стапки на Алцхајмерова болест во споредба со Европа и Соединетите држави. Причините се комплексни и веројатно се должат на низа различни фактори. Куркумата се користи во Ајурведа, холистички систем за лекување, кој потекнува од Индија пред многу години и сеуште е популарен и денес.
А тука е и истакнатото место на куркумата во индиската кујна – дали е можно куркумата да може да спречи или да го одложи почетокот на Алцхајмеровата болест? Сè уште нема конкретни докази, но консумирањето на еден грам куркума секој ден може да биде корисно за меморијата, особено кај луѓето кои имаат предијабетес.
Куркумата како превенција од рак
Извештај за 2019 година во списанието Nutrients укажува на тоа дека куркуминот се чини дека има антиканцер потенцијал затоа што се меша со сигналните клетки во лабораториски одгледуваните клетки. Авторите забележуваат дека се потребни дополнителни студии и клинички испитувања.