(ФОТО) ГО ШОКИРАЛ ЦЕЛ СВЕТ – Чудесна преобразба на прегладнетото дете кое родителите го напуштиле бидејќи мислеле дека е вештер!

Несреќното момче кое за чудо беше спасено пред четири години, сега изгледа сосема поинаку. Неговите старатели му велат дека бил „малиот Пикасо“.
Пред четири години, светот беше шокиран од фотографијата на данската хуманитарка Ања Ринггрен Ловен, која му дава вода од шише на целосно прегладнето дете од Нигерија. Момчето, кое тогаш имало две години, родителите го оставиле на улиците во градот Екет, обвинувајќи го за вештерство.
Осум месеци несреќното момче јадело остатоци што му ги фрлиле минувачите. Средбата со данската хуманитарка му го сменили животот.
„Тој беше во ужасна состојба кога го најдовме“, рекла Ања. Детето го добило името Хоуп (Надеж).
„Тој беше во болница првите две недели, не знаевме дали ќе преживее“, рече Ања.

Оттогаш, детето е згрижено, воспитано и образувано од хуманитарната организација на Ања и претрпел чудесна трансформација.
“Тој е многу интелигентен и сака уметност, тој е креативен и многу од неговите дела се веќе продадени. Ние го нарекуваме ‘ашиот мал Пикасо'”, рекла Ања.

Хоуп никогаш повеќе не се сретнал со неговите родители и не било можно да се трага по неговите роднини, пренесува Mirror
„Тој е сега голем и повремено ја гледа нашата прва фотографија. Тој се смее, изгледа гордо. Тој исто така е свесен за трнливиот пат по кој помина. Децата се раѓаат со можност за простување, без предрасуди. Дали го воспитуваме да ги мрази родителите што го оставија? Секако дека не. Ниту едно општество не може да се развива без основни човекови права, како што се пристап до образование и здравство и социјална грижа“, рекла Ања Ринггрен Ловен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …