Кој хороскопски знак има најмногу шанси да добие на Лото?

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Играте игри на среќа и никогаш не освојувате ништо? Можеби виновникот може да го најдете во хороскопот. Имено, Daily Mail објави кои се најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за игрите на среќа.
На прво место се Рибите, кои минатата година освоиле повеќе добивки на лотарија од кој било друг знак. Родените меѓу 19. февруари и 20. март освоиле 11,6 проценти од сите добивки на лотарија.
Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите на овој хороскопски знак освоиле 9,9 проценти од добивката, додека Девицата има еден процент помалку со 8,9 проценти и Водолијата со 8,5.
Најнесреќниот хороскопски знак е Стрелецот затоа што само шест проценти од припадници на тој хороскопски знак добиле џекпот на лотарија. Лорен Куни од австралиската лотарија изјавила дека би било интересно да се види дали овој тренд ќе продолжи.
Табелата со хороскопски знаци изгледа вака:
Риба 11,6%
Близнаци 9,9%
Девица 8,9%
Водолија 8,5%
Скорпија 8,5%
Бик 8,5%
Рак 8,2%
Лав 7,7%
Терезија 7,7%
Јарец 7,7%
Овен 7,5%
Стрелец 6%

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …