Го намалуваат апетитот и желбата за слатко: Овие напитоци можат да помогнат во слабеењето – тврди нутриционист!

Кога ќе почувствувате желба за нездрава храна, испијте една чаша од некој од овие 5. напитоци
Сите добро знаеме колку е тешко да се откажеме од слатките, но ако сакате да ја средите својата тежина, тоа е потребно, барем за некое време.
Добрата вест е дека постојат пијалоци кои можат да ја отстранат желбата за слатки и да спречат појава на болка во глад. Нутриционистката Кетрин Кимбер, дипломиран диететичар на Кралскиот Колеџ во Лондон, е вистински соговорник на оваа тема.
Во комбинација со урамнотежена исхрана, овие пијалоци можат да ни помогнат побрзо да ја достигнеме посакуваната тежина. Кога ќе почувствувате желба за нездрава храна, испијте една чаша од овие напитоци:
1. Зелен чај


“Ова е првиот одговор што ќе ви го даде секој нутриционист. Истражувањата докажаа дека зелениот чај има антиинфламаторно дејство. Благодарение на соединенијата на катехини во комбинација со кофеин, метаболизмот е забрзува”.

2. Кафе


Кафето е полно со здравствени придобивки и докажано антиинфламаторно. Кетрин забележува дека овој пијалок се пие исклучиво без шеќер и млеко.

3. Јаболков оцет


Ако истражувавте пијалоци што согоруваат маснотии, сигурно сте чуле за јаболков оцет. Истражувањата покажуваат дека овој оцет согорува маснотии што се акумулираат длабоко во стомакот, а исто така помага да се намали целокупното складирање на маснотии. Кетрин нагласува дека не треба да претеруваме со употребата на овој пијалок. “Никогаш не треба да го пиете овој пијалок повеќе од 10. дена”, вели таа.

4. Сок од целер


Овој пијалок е полн со растителни влакна, но исто така многу добро ја смирува потребата од слатки. За сокот да биде ефикасен, тој мора да биде потполно природен.

5. Вода


“Кога сте дехидрирани, можеби ќе ви треба храна, иако навистина не сте гладни. Водата е исто така одговорна за правилното функционирање на целото тело, па затоа треба да ја пиете во доволни количини”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ИСПОВЕД НА ЅВЕЗДА НА ГРАНД: Како ослабнав 70. килограми!?

Учесничка на тековната сезона на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“, Крстиња Тодоровиќ, за кратко време …