(ВИДЕО) ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОПИСИ: Со Мерцедес кочел пред трактор – си добил што заслужил!

На социјалните мрежи кружи видео од Полска, на кое се гледа како возач на трактор снима не многу паметен возач на патот.
Возачот на Мерцедесот намерно закочил пред тракторот за да му покаже дека го кочи сообраќајот. Но, трактористот, кој го снимал инцидентот, веднаш му дал до знаење да не си игра со него. Имено, кога возачот на Мерцедес повторно закочил, возачот на тракторот налетал на него и значително го оштетил.

Полицијата, според видеото, го прогласила за виновен возачот на Мерцедес, пренесува klipland.com. Тој е казнет со 112 евра и шест казнени поени за предизвикување несреќа, а добил дополнителна казна од 45. евра и шест казнени поени за загрозување на другите учесници во сообраќајот.
Но, и трактористот не поминал неказнето – полицијата го казнила со 45. евра и пет казнени поени за употреба на мобилен телефон додека возел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Крш и лом на патот: Бркањето на три Ферари завршило со „тоталка“

ЗА ТРИ, Ферари тоа било последното возење пред отписот. Годишниот собир на суперспортски автомобили наречен …