(ВИДЕО+ФОТО) Серијата на Нетфликс ја нападнале поради „непотребните сцени на секс“: До втората епизода сите голи

Новата серија на Нетфликс „Tiny Pretty Things“ (Ситни убави работи) е критикувана од многу гледачи за „безобразно непотребни сцени со секс“.
Тинејџерската драма ја следи Невех, елитна балерина на која и се нуди посакувана позиција во Балетската академија во Чикаго – откако главната sвезда била убиена со туркање од покривот.


Во секоја епизода на Невех, која ја игра Кајли Џеферсон, се дознаваат се повеќе и повеќе темни тајни за балетското училиште и нивните врсници, но гледачите тврдат дека биле збунети од бројните сцени за секс, па не можеле да се концентрираат на мистеријата.


Серијата се базира на популарниот роман за млади од авторите Дониел Клејтон и Соне Хараипотре.
И’ реакциите на критичарите на серијата се поделени (а тоа не одело најдобро ниту на IMDB), а некои им препорачале на гледачите на Нетфликс едноставно да ја прескокнат, иако британскиот „Гардијан“ ја нарекол забавна “Се на се, забавна серија. Стрип приказна со мрачен модерен пресврт…”


„Можете да ги премотате танцувачките или наративните парчиња по ваш вкус и веројатно ќе си го подобрите искуството во гледање“, додаваат тие.
Еве неколку реакции од социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …