(ФОТО) УСПЕШНИ И САМИ – Хари и Меган потпишале договор со „Спотифај“

Војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари, потпишале долгорочно партнерство со платформата „Спотифај“, на која наскоро ќе започнат да емитуваат подкасти, што ќе се однесуваат на различноста.
Имено, нивните подкасти ќе се занимаваат со подигнување на свеста за различноста, преку различни перспективи и гласови, пишува Гардијан.

Најновиот потфат на парот ќе ја вклучи и нивната новоформирана компанија Archewell Audio во ексклузивно партнерство со Spotify. Ќе произведуваат програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот.
Во изјавата на двојката се вели:
„Она што го сакаме кај подкастите е тоа што тие нè тераат да застанеме и навистина да слушаме, како и да се поврземе едни со други, без пречки. Со сите предизвици во 2020 година, нема подобро време да го сториме тоа, бидејќи кога ќе се слушнеме едни други и кога ќе ги слушнеме приказните на другите, ќе се сетиме колку сме навистина поврзани “.

Војвотката и војводата од Сасекс ќе бидат домаќини и ќе продуцираат подкаст кој гради комуникација заснована врз искуство, наративи и споделени вредности.

Во текот на овој месец, „Archewell Audio“ во партнерство со „Spotify Gimles Studio“ ќе објави специјален празничен специјал во кој ќе биде домаќин на парот, и во кој ќе има разговори за надеж и сочувство.
Првата серија на подкасти се очекува следната година, но веќе може да се слушне најавата за нивниот празничен специјал.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Германски вирусолог порачал дека вирусот нема да не напушти: „И’ догодина ќе мораме да се вакцинираме!“

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, вчера изјавил дека е …