(ФОТО) Американска водителка завршила во болница – Шерон Озборн позитивна на короан вирус: Се огласила и испратила јасна порака!

Американската водителка Шерон Озборн е позитивна на коронавирус. Таа објавила на својот Инстаграм профил, па ги известила и своите обожаватели.
Шерон открила и дека накратко била хоспитализирана поради респираторните проблеми што ги имала.
“Морам да ви кажам дека сум позитивен на ковид 19. По кратка хоспитализација, се опоравувам далеку од Оз (кој доби негативен резултат), додека емисијата е на планирана пауза. Ве молиме, бидете внимателни и бидете здрави”, напиша водителот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Osbourne (@sharonosbourne)

Да потсетиме, Шерон Озборн (67), сопруга на славниот музичар Ози Озборн, има сè што сака, но и недостасува самодоверба, судејќи според некои нејзини постапки. Имено, таа нон стоп „оди под нож“.
Иако оваа дама веќе има големо искуство со пластична хирургија, се чини дека знае дека отишла малку предалеку со последната голема операција. Имено, нејзиното лице сега изгледа отечено, а признала дека по операцијата имала страшни болки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Osbourne (@sharonosbourne)

Во 2013 година, Шерон во своите мемоари напиша дека никогаш повеќе нема да се оперира, но очигледно не успеа да го исполни ветувањето што си го даде сама на себе. Досега има направено липосукција, четири затегнувања на лицето, подигнување на очните капаци, корекција на абдоминалниот мускул, користела ботокс и полнила, а ги кренала и ги намалила градите.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) СРЦЕТО ТОА ТРЕБА ДА ГО ИЗДРЖИ – ДВЕ ТРАГЕДИИ ВО ИСТИ ДЕН: Македонската презентерка ја загуби мајката, а на истиот датум пред осум години и почина и’ сопругот кој беше познат актер

Животот е непредвидлив и суров, тежок колку и убав, а тоа на своја кожа и …