Французинката Леа Леви, која живее во дом за стари лица во француските Алпи, каде неодамна го прославила својот 105-ти роденден, оваа есен надминала поблага форма на коронавирус, изјавил директорот на таа институција, Стефан Ричард.
Веста беше објавена во локалниот весник „Дофине Либера“, а директорот на домот во Анеси вели дека роденденот на Леа бил одбележан соодветно, во согласност со околностите и во друштво на нејзината ќерка “.
На корисничката и бил подарен букет цвеќе, а сите присутни носеле заштитни маски и немало колачи во согласност со ограничувачките мерки.
„Морам да признаам дека малку се исплашив кога ми се слоши“, изјавила Леа за еден локален весник, додавајќи дека од неодамна е во домот во Анеси.
Во овој дом, од 185. корисници, 109. се разболеле од вирусот корона, а дури 33. починале.

Леа на 105. години ја победила короната: Французинката појака од смртоносниот вирус
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕