(ВИДЕО) КАКО ОД БАЈКА: За време на претстава Петар Пан ја запросил Венди – еве како тоа изгледало!

Ако сте од оние кои одамна престанаа да веруваат во среќен крај од бајка, тогаш погледнете го ова видео, тоа ќе ви ја врати вербата дека сè е можно во животот.
Секоја девојка се надева на запросување како од бајките, а Џејн Мери Саливан го доживеала токму тоа. Имено, за време на изведбата на претставата „Петар Пан“ во Глазгов, главниот лик кој ја играше улогата на „момчето кое не сака да порасне“, Сандор Штурбл, направил преседан.
Кога требало да се случи сцената во која Питер Пан требало да ја бакне Венди, Сандор го сменил сценариото и се свртел кон неговата колешка и девојка Џејн Мери Саливан, која ја играше улогата на Венди. Клекнал на колена, и со романтична изјава за љубов, ја запросил пререќната Џејн.
Запрепастената актерка започна да се тресе и да липа од среќа и возбуда, а потоа се залетала во прегратките на нејзиниот мил и го изговорила познатото „Да“! Секако, емоциите ја погодиле целата публика во театарот, која ја имала таа среќа да присуствува на неочекуваниот настан, и го испратиле со аплауз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …