Брокулата е витаминска бомба: Еве зошто е важно овој моќен зеленчук да го вметнете во својата исхрана!

Здраво срце и крвен систем
Брокулата содржи и хром, минерал кој го регулира шеќерот во крвта и помага во спречување на дијабетес, висок холестерол и болести на крвниот систем.

Ја подобрува меморијата
Доколку имате проблеми со лошо расположение, меморија и концентрација, ставете брокула во дневното мени бидејќи е добар извор на витамин Б9, или фолна киселина. Фолната киселина е одлична за црниот дроб.

Превенција од рак
Брокулата содржи активни состојки – антиоксиданти, за кои е научно докажано дека штитат од развој на малигнитет и го спречуваат и намалуваат ризикот од рак на цревата, желудникот, дојката, матката и простатата.

Природна детоксикација
Изобилството на здрави состојки од овој зеленчук делува како природен чистач на токсини од телото. Тие помагаат да се исфрлат токсините и се неутрализираат штетните ефекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Премалку сон се поврзува со поголем ризик од една од најсмртоносните болести во светот

ЛИЦА на возраст меѓу 50. и 70. години кои спијат шест часа или помалку ноќе …