Брокулата е витаминска бомба: Еве зошто е важно овој моќен зеленчук да го вметнете во својата исхрана!

Кога велите здрава храна, повеќето луѓе веднаш помислуваат на брокула и тоа со причина, бидејќи овој зеленчук содржи изобилство на минерали и витамини, а може да се подготви на различни начини.
Четири минути се доволни за подготовка на дршката на овој зеленчук, а за цветот две и ќе биде „ал денте“ , но ако ви се допаѓа помека, слободно оставете го уште една минута. Додадете лук и маслиново масло во брокулата подготвена на овој начин и ќе добиете одлично и здраво гарнирче за риба или месо.

Одлично за слабеење
Една чаша сецкана брокула има 25 калории, помалку од 5 грама јаглехидрати, многу малку протеини и воопшто нема маснотии, но затоа има многу корисни минерали и витамини.

Силни коски
Брокулата содржи витамин К, кој е клучен за згрутчување на крвта, здрави заби и јаки коски. Овој често заборавен чувар на срцето помага и против кардиоваскуларни заболувања.

Против настинки
За брокулата, исто така, може да се каже дека е одличен зеленчук, со необичен изглед, кој има изобилство на витамин Ц. Во текот на зимските денови, кога преовладуваат грипот и настинката, додадете малку брокула на вашиот оброк, свежо исцеден сок или смути – тоа е убав украс, но и одлично за вашиот имунолошки систем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ТРОГАТЕЛЕН АПЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА: „Вашите 100. денари значат живот на нозе за Кристијан!“

Скоро секој ден сме сведоци на трогателни апели од родители за помош во лекувањето на …