Гоце Божурски (од 18 до 25 декември) со самостојна изложба  во Уметничката галерија во родното Куманово

    По дваесетгодишна пауза и (и во меѓувреме) претставувања во Париз, Пиза, Скопје, Битола, Охрид, Сараево, Бања Лука, Пале, Будва (Бечиќи), Херцег Нови (Игало)… и  големиот број национални и меѓународни награди, Божурски (од 18 до 25 декември) со самостојна изложба  во Уметничката галерија во родното Куманово.

За разлика од препознатливото творештво на Божурски од изминатиот период, кое припаѓаше на специфичен ликовен израз близок на суптилен и носталгичен реалистички концепт низ  рафинирана сликарска постапка, најновите остварувања од циклусот „ШкрабАрт“ (како во областа на сликарство, така и уште повеќе во цртежот) имаат привид на апстрактни и енформелски структури иако појдовниот и движечки супстрат е предизвикан од објективната стварнот.  Повторно е задржана поетиката на просторот низ понагласена лирска  сензуалност, а поводот и инспиративниот контекст се зидни површини со „графизми“ (врежувања, вцртувања, вдлабнувања, вгребувања…)  во вид на љубовни заветувања   кои произлегуваат од обичните искази  и испишани  имиња. Она што беше најавено во поновите слики, дезавуирајќи го или целосно елиминирајќи го предметот на претставувањето (вообичаените елемти од етнофолклорно поднебје, а во последно време и сликарско кимоно, палетата,  изваденото и закаченото срце на sид  како во сликата „Фор ју, мадам“, „Клопотарци за вљубени„ или „Осамено срце и др.)  ги нагласуваат новите  креативни  можности кои функционираат како прочистаена  (непредметна) ликовна (апстрактно/енформелска) сензација. Најновите остварувања вообликуваат специфична ликовна форма „осозрена и надоградена“ со висико изградена ликовно естетска  лексика и иновативни решенија. Во нив, наместо впечатливоста од постигнатата материјализација на миметичкиот контекст, се остава простор за „говор на самата сликарска и  цртачка материја“, на текстурата и врежаните графити во sидната подлога, на сензитивните пораки, имагинации, емотивни состојби, на возвишени и растреперени чувствени  состојби и воопшто  како еден вид порака за  љубовта, сакањето, добрината, хуманизација…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR …